Додаде дека в недела ќе заседава Извршниот комитет на партијата на кој ќе биде пренесено тоа што се разговарало.
„Продолжуваат и разговорите со политичките партии од внатрешната коалиција, па ќе се отпочнат консултации со политички партии кои сакат да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, така што имаме еден систематизиран пристап на активностите. Кога ќе имаме повеќе информации ќе ја информираме јавноста околу коалициите кои би се случиле за изборите“, посочи премиерот Мицкоски.