„Бараме на 15 јули премиерот Мицкоски да нѐ прими и да му образложиме за предлог законот што го имаме доставено до Собрание, а истовремено да му ги кажеме и неправилностите за овие 30 години, за времето на транзицијата“, изјави Станојков.
Пензионерите посочуваат дека протестираат и за младите. Според нив, доколку покачувањето на пензиите е процентуално ќе бидат оштетени и идните пензионери.
Собирот и протестот денеска се одржа во Свети Николе, а на него присуствуваа пензионери од сите градови. Освен средба со премиерот пензионерите, уште еднаш јавно побараа и оставка од претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајковска, која ја обвинуваат дека не ги застапува нивните интереси.