,,Бев повикан од Јавното обвинителство да дадам исказ за оштета бидееќи бев пациент за време на короната. Во просторијата бевме повеќе ,,оштетени,,. Земав прв збор и образлагав дека единствен спас најдов во Жан Митрев. Бев прекинат бидејќи не им одговараше моето кажување. И Обвинителката ми вели ‘слушај не си ти тука на јавна трибина’, ме прекина и таа во една реченица го напиша исказот дека не сум оштетен”, пишува извесен Ордан Ристовски од Велес, а пренесе порталот.
Обвинителката Искра Хаџи Василева повеќе не го води предметот против сопственикот на клиниката Жан Митрев, бидејќи сега е обвинител во Обвинителството за гонење организран криминал и корупција.
„Повредите на постапката покрај низа други аномалии во процесот против Жан Митрев остануваат да сведочат за политички и бизнис спреги кои според досега познатите информации имале за цел да го сменат сопствеништвото на клиниката Жан Митрев. Ристовски изјавата за манипулацијата ја дава како коментар на веста дека судот во Струмица одбил да суди по тужбата на Зоран Заев против Жан Митрев“, пишува порталот.






