вторник, 8 јули 2025

Основниот кривичен суд Скопје го прими обвинението за пожарот во Кочани

Од Основниот суд Кочани до Основниот кривичен суд Скопје, денеска беше доставен предметот оформен по поднесен обвинителен акт на Основниот јавно обвинителство – Кочани, а во однос на пожарот во дискотеката Пулс, како и решението на Врховниот суд според кое за стварно и месно надлежен за постапување во оцена на обвинителниот акт се определува скопскиот Кривичен суд, информираа попладнево до судот.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно решението на највисокиот суд, кој постапувал по предлог на Апелацискиот суд Штип, за определување на стварна и месна надлежност за постапување по предметот, Врховниот суд анализирајќи го кадровскиот и техничкиот потенцијал на Основните судови во Штип и Струмица, како судови со проширена надлежност на територија на апелациското подрачје Штип, утврдил дека во наведените судови нема доволен број на судии од кривична област за кои нема законски пречки да постапуваат по конкретниот предмет.

„Имајќи ја предвид обемноста и сложеноста на предметот, бројот на обвинети и бројот на оштетени, обемниот доказен материјал и јавниот интерес за истиот, Врховниот суд, ценел дека по конкретниот предмет треба да постапуваат судии од кривична област кои со стекнатото искуство и познавање на кривичната материја ќе овозможат гаранција за ефикасност, стручност, законито постапување, а преку постапката ќе придонесат и за ‘сензибилизирање на јавноста’, како што е наведено во решението.
Поради погоре наведените причини, Основниот кривичен суд Скопје е опреден како надлежен за постапката, па во тој правец, доставениот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на совет за оцена на обвинение кој по примерот ќе го достави актот до обвинетите по што започнува законскиот рок за приговор на истиот. По исполнување на предвидените услови за постапување, советот ќе закаже седница за оцена“, информираа од Кривичниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ