четврток, 14 мај 2026

Обвинителството се сомнева дека убиецот во Старо Нагоричане убил не две, туку четири жени, а две се обидел да ги убие

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово денеска соопшти дека ја проширува истрагата против осомничениот сериски убиец, 26 годишен маж од кумановското село Драгоманце, кој во Старо Нагоричани убил четири жени, а две се обидел да ги убие. Како што денеска беше кажано на брифинг со новинарите, станува збор за две нови квалификувани убиства и два обиди за убиство, со што вкупниот број случаи што се поврзуваат со осомничениот достигна шест. СВР Куманово соопшти дека денеска поднесе кривични пријави против убиецот од село Драгоманце за убиство на уште две жени и обид за убиство на две жени, како и против двајца доктори (мртвопроверители) од болницата во Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот, 26 годишен маж од кумановското село Драгоманце, според досегашните докази, убивал исклучиво постари жени, освен една од жртвите која имала 35 години. Според досега обезбедените докази, осомничениот ги познавал жртвите, ги знаел нивните навики и знаел каде живеат, а постојат индиции дека дел од нив и лично го познавале. Убивал на познат терен, на територијата на Старо Нагоричане.

„Врз основа на досега прибраните докази, донесена е одлука истрагата да се прошири со уште четири нови кривични дела, од кои две се кривични дела убиство во квалификуван облик, а две се обиди за убиство од ист вид и облик. Самата бројка и начинот на извршување, според мене, јасно укажуваат дека жртвите не биле избирани случајно. Осомничениот не напаѓал блиски лица, поранешни партнерки, девојки, мајка му или други жени, членови на семејството, туку целел кон жени како категорија. Поради ова може да кажам дека убиствата се сметаат како фемицид  Извршени се повеќе ексхумации. Можам да кажам дека само во еден случај не се потврди сомневање за кривично дело убиство. Во останатите случаи, по извршените обдукции и вештачења, постојат основи на сомнение дека станува збор за кривични дела.  “, кажа денеска на брифинг со новинарите Љубомир Лапе, обвинителот која ја води истрагата за сериските убиства.

Што се однесува до мотивите или зошто овој млад човек убивал само жени, Лапе кажа дека постојат повеќе мотиви, како што се насилство, ниски побуди, користољубие…,

Надлежниот обвинител уште соопшти дека било извршено и психијатриско вештачење, кое го изработиле три клиники за психијатрија од Скопје.

„Од вештачењето произлегува дека осомничениот е кривично-правно одговорен, свесен за своите постапки и способен да учествува во судска постапка. Не е утврдено психичко заболување што би го спречило водењето на постапката. Моето убедување , а без да ја нарушам презумцијата на невинсот е дека имаме доволно цврсти докази за да биде покренато обвинение за кое очекувам да биде комоплетирано најдоцна за месец и половина“, рече Лапе.

Тој дополни дека досега не е утврдено дека било кој од неговото семејство на било кој начин е поврзано со убиствата на осомничениот маж и дека од сите досегашни проверки нема индиции дека се сторени пропусти во постапувањето на полицајците кои излегувале на терен во време на убиствата, иако, како што рече Лапе, конкретен одогвор треба да се бара од надллежното обвинителство и од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во меѓувреме МВР денеска до ОЈО КУманово поднесе уште една кривична пријава  против осомничениот сериски убиец за убиство на уште две жени и обид за убиство на две жени, како и против двајца доктори (мртвопроверители) од болницата во Куманово.

„СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од  село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело убиство поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело обид за убиство врз С.А. и Р.Т.. По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт. Врз основа и на други сознанија и докази, било утврдено дека тој ги убил двете жени и во координација со ОЈО Куманово, против него е поднесена кривична пријава. Претходно, СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. за убиство и на М.С. и М.М., а по предлог на јавниот обвинител, од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор. СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за сторено кривично дело несовесно вршење на службата против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од Општа болница Куманово“, соопшти денеска кумановската полиција.

Осомничениот сериски убиец беше приведен во февруари 2026 година кога обвинителството првично отвори истрага за убиство на 78-годишна жителка на Старо Нагоричане.

Искра Опетческа

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ