вторник, 13 мај 2025

Обвинение за двајцата браќа што извршија убиство во Арачиново

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на истрагата се обезбедени докази кои потврдуваат дека на 01.11.2024 година во Арачиново, двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла и на подмолен начин лишиле од живот едно лице и се обиделе да лишат од живот уште едно. Со двајцата оштетени – татко и син обвинетите се договориле да се најдат и да разговараат за наводен долг од 7.000 евра. Со автомобил пристигнале на договорената локација, но по краток разговор, едниот од обвинетите извадил огнено оружје – пиштол и започнал да пука кон жртвите. Од нанесените огнострелни повреди оштетениот татко починал, а синот се здобил со тешки телесни поврeди“, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, бидејќи сè уште постојат законските основи за најстрога мерка за обезбедување. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ