среда, 20 мај 2026

Заменети починати пациенти од ковид-19: наместо жена, семејство од Врапчиште за погреб добило тело на непознат маж

Објавено на

часот

Сподели

Семејството на кое му било направена грешката за ТВ21 вели дека откако го прифатиле телото, забележале дека наместо нивната мајка, во ковчегот се наоѓа тело на непознат маж, па затоа се упатиле кон Инфективната клиника во Скопје, каде што починала жената.

По повеќечасовно барање, телото било конечно пронајдено во Гостивар, каде што по грешка било испратено од болницата.

Од Министерството за здравство во реакцијата велат дека вината не е кај Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, бидејќи болницата не може по грешка да испрати тело на починат пациент кај семејство во Врапчиште, Гостиварско. За доставување на телата надлежни се погребните претпријатија. 

„Ја информираме јавноста дека ниту една здравствена установа во државата, ниту КИБФС, не направила таква грешка. Сите болници и ковид-центри во целост го почитуваат протоколот за постапување со тела на починати лица во болнички услови сомнителни или потврдени на ковид-19. По настапувањето на смртта и подготовка на телото согласно со протоколите за заштита од ковид-19, веднаш се повикува Јавно комунално претпријатие на општината или Бутел-погребен сервис АД Скопје за Град Скопје на кои им се предава телото. Погребните претпријатија, а не болниците, го доставуваат телото на семејството и го организираат погребот“, велат од МЗ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ