среда, 20 мај 2026

Заклучно со вчера против ковид-19 вакцинирани се вкупно 695.525 граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено една доза вакцина, 69% од населението над 65 години е вакцинирано со една доза вакцина, 65% од населението над 60 години е вакцинирано со една доза вакцина и 56% од населението над 50 години е вакцинирано со една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, соопштуваат од Министерството за здравство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ