вторник, 19 мај 2026

Во Македонија ревакцинирани се 503.401 граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 68% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 64% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 55% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. 

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, соопшти Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ