вторник, 19 мај 2026

Во градинките вакцинирани се 60 отсто од вработените, апел да се вакцинираат сите

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството потсетуваат на општествената одговорност на сите вклучени во процесот на воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, имунизацијата да продолжи со несмалено темпо во текот на целиот летен период.

Според информациите што ги објави МТСП, досега се вакцинирани речиси 60 проценти од вработените во градинките во државава и оттаму апелираат и останатите 40 проценти  на воспитувачи, негуватели и технички персонал да се вакцинираат за да може да биде обезбеден безгрижен престој на децата и само така градинките по завршувањето на летниот период ќе можат да работат со полн капацитет.

„Вработените во градинките во изминатиот период покажаа високо ниво на одговорност и професионалност и преку целосно почитување на Протоколот за заштита не дозволија внатрешно ширење на вирусот ковид-19“, велат од МТСП.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ