
Во државата вкупно се аплицирани 613.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 232.595 граѓани. Досега на веб платформата vakcinacija.mk се пријавиле 491.363 граѓани.
Како што соопшти Министерството за здравство, со последните бројки 53 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 50 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, a масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.






