среда, 20 мај 2026

Училиштата се должни да набават средства за хигиена и дезинфекција, потсетува Царовска

Објавено на

часот

Сподели

Царовска, според соопштението на Министерството за образование од нејзината посета на основното училиште „Никола Карев“ во Пробиштип, кажала дека пандемијата е во тек, но дека „не смееме да си дозволиме училиштата да бидат затворени на првиот ден од учебната година“.

Министерката се повика на препораките на УНИЦЕФ и на други организации кои работат на заштита и унапредување на правата на децата, според кои, „училиштата треба први да се отворат, а последни да се затворат затоа што нема подобра опција за учениците од настава со физичко присуство“.

Според неа, тоа е важно за децата во Македонија „затоа што влегуваме во година на крупни промени во образовниот систем, со старт на реформи во прво и четврто одделение“.

„Во новата учебна година започнува етапно да се имплементира новата Концепција за основно образование која треба да обезбеди поквалитетна настава, поголема интеракција помеѓу наставниците и учениците и процес на учење со разбирање и развој на критичко мислење кај младите. За оваа цел, беа изработени нови наставни програми за прво и четврто одделение, а врз основа на истите се изработија и нови материјали за учење. За прв пат, учениците од четврто одделение ќе имаат на располагање дигитални материјали за учење, а истите се достапни и во аудио формат и печатени на Брајово писмо за учениците со оштетен вид“, кажала Царовска во Пробиштип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ