„Ние како Универзитет имаме намера да правиме употребливи производи за индустријата, посебно за овие ТИР зони, кои се генератор за развојот во Македонија и мислам дека доминатниот дел од приходите се од таму, во делот на извозот“, вели Боев.
Посочи дека соработката со ТИР зоните е значајна, со цел студентите на УГД-Штип да најдат квалитетно вработување.
Директорот на ТИР зоните, Деспотовски истакна дека ова е чекор за отварање на нови можности и перспективи за младите, студентите. Најави дека ваква соработка ќе биде воспоставена и со останатите државни и приватни Универзитети во земјава, со цел младите да добијат вработување, но и солидни плати, кои ќе ги мотивиарат да останат во своите општини.
„Соработката подразбира заеднички да работиме и со компаниите во ТИР зоните на отварање на можности, секако практична работа на студентите, стекнување на вештини, второ да искомуницираме за сите можности, кои стојат на располагање, бидејќи пред нас се и нови инвестиции, во вредност од над 120 милиони евра, коишто треба да отварат над 2.000 нови работни места. Инсистираме на тие работни места платите да бидат над просекот“, вели Деспотовски.
Посочи дека има многу можности за соработка меѓу универзитетите, ТИР зоните и компаниите, кои се во нив. Деспотовски потенцираше иницијативата за соработка доаѓа од Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип и е прв Универзитет во земјава, со кој се потпишува ваков меморандум.






