вторник, 19 мај 2026

Ревакцинирани се речиси 410 илјади граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Во државата досега се аплицирани вкупно 932.603 дози вакцини, а ревакцинирани се 409.186 граѓани. 

Според Министерството, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. Со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 65% од населението над 70 години, 62% од населението над 65 години, 57% од населението над 60 години и 47% од населението над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, додека термини за вакцинација на децата се закажуваат на сајтот vakcinacija.mk.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ