Прва доза Фајзер примиле 70 лица, а втора, 56 граѓани. Прва доза на кинескиот Синофарм е дадена во 38 случаи, а втора во 49 случаи. Руската вакцина Спутник В и Астра Зенека во Врање не беа аплицирани вчера, наведуваат од ЗЦ во Врање.
Според податоците, вкупниот број вакцинирани граѓани на Врање и од други градови во Србија, Северна Македонија и други земји во Спортската сала во Врање од почетокот на вакцинацијата до 27 јули е 77.736 лица.
Доколку се земат предвид сите достапни вакцини, првата доза им била дадена на граѓани од Србија во 28.106 случаи, лица од Северна Македонија примиле 12.258 дози, а државјаните на БиХ шест дози.
Што се однесува до втората доза, на Србите им се дадени 27.524 дози, на македонските државјани 9.717 и на државјаните на БиХ седум.
МИА






