„Со консензус се донесе препораката за средните училишта во полошкиот регион, во Тетово и во Гостивар учебната година од 1 септември да започне онлајн и така да се одвива во првите две недели. Потоа ќе бидат разгледани состојбите со бројот на новодијагностицирани лица”, рече Филипче кој имаше средба со градоначалничката Арифи и додаде дека една од главните причини за позитивниот одговор кон барањето е всушност, преоптовареноста на болниците со ковид – пациенти.
Инаку, тетовскиот кризен штаб со кој раководи градоначалничката Арифи побара три недели онлајн настава во септември, додека градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари имаше предлог учебната година во земјава да започне на 1 октомври, со цел да се избегне пикот на заразата во септември.
Арифи пак најави и дека ќе го реши проблемо со наставниците и вработени во обрзованието кои одбиваат да се вакцинираат на тој начин што од нив на секои 72 часа ќе се бара да прават ПЦР-тестови и тоа на свој трошок.
„Теута Арифи е челична дама. Таа застана на чело во битката на тетовци против ковид – заразата, отварајќи нови центри за вакцинација, обезбедувајќи вакцини, борејќи се за учениците во училиштата“, изјави нејзиниот сопартиец, вицепремиерот Артан Груби при посетата на Тетово.






