На територијата на општината има над 500 активни случаи на заразата со коронавирусот и состојбата е вон контрола, оцени Кризниот штаб на општината.
Штабот смета дека бројот на заразени граѓани е и поголем зашто, како што е анализирано, дел од граѓаните не се јавуваат кај лекарите во почетната фаза на болеста.
Градоначалникот Медат Куртовски, како раководител на Кризниот штаб во дописот до надлежните државни институции вели дека „поради вака настанатата состојба бараме да се донесе одлука за следење на олјан настава во траење од еден месец за сите ученици од четирите основни и средното општинско училиште“.
Штабот смета дека ширењето на вирусот на таков начин ќе може да се намали, а состојбите со заразата ќе може подобро да се следат.
Инаку, во дневната статистика на Министерството за здравство не се наведуваат податоци за Маврово – Ростуше, туку за Гостивар како регионален центар, каде бројот на активни случаи изнесува над 1.300 случаи, додека пак, Дебар има близу 300 активни случаи.
Комисијата за заразни болести донесе едногласна одлука средните училишта во полошкиот регион наставата во првите две недели по 1 септември да ја изведуваат онлај. Одлука за онлајн настава има и за прилепскте гимназијалци, но не заради коронавирусот, туку затоа што зградата на гимназијата „Мирче Ацев“ генерално се реновира.






