вторник, 19 мај 2026

Oколу 700 пациенти од ковид-19 се лекуваат во болниците, вели Филипче

Објавено на

часот

Сподели

Министерот информира дека за пациентите од Кичево и од Струга на располагање се болниците во Прилеп и во Битола, а за Гостивар и Тетово болничките центри во Скопје.

„Имаме континуирана комуникација и координација по претходна најава согласно проценката, тријажата дали е потребна хоспитализација, се најавуваат и се праќаат пациентите во Скопје. Ние имавме утрово координативен состанок со директорите на сите клиники, пред се интерните од Клиничкиот центар, со цел да спремиме и дополнителни капацитети на интерните клиники, по примерот како што беше претходно. Се надевам дека до тоа нема да дојде, меѓутоа мораме да сме за тоа спремни и тоа го направивме заедно со припрема и списоците на тимовите на лекари и сестри коишто од сите клиники се веќе на располагање ако има потреба да се активираат други ковид – центри“, вели Филипче.

Министерот изјави дека здравствениот систем е способен да го поднесе овој ковид-бран.

„Сега имаме и искуство со оваа болест. Следиме како се одвива бранот во Тетово и во Гостивар, кои се специфични градови зошто нагло се зголеми бројот на пациенти на кои им беше потребна хоспитализација. Во исто време се градови со мал опфат на вакцинација. И сега опфатот расте, па сега ќе анализираме дали според прегледите може да констатираме дека притисокот спласнува. Рано е за тоа да се каже“, рече Филипче.

На прашањето дали ќе се разговара за олеснување на рестриктивните мерки кои ги бараат угостителско – туристичките работници преку коморите за стопанство, Филипче не даде потврден одговор.

„Бројни се барањата кои пристигнуваат. Утре ќе имаме состанок на Комисијата за заразни болести, ќе направиме проценка, но сметам дека сегашните мерки треба да останат додека не постигнеме повисок процент на колективен имунитет. Верувам дека до 15 октовмри ќе стигнеме до 1 милион вакцинирани, односно до 70 проценти од полнолетните лица, што ќе биде многу битен податок имајќи предвид дека и школската година ќе биде почната, што е своевиден епидемиолошки ризик. Акентот е ставен на вакцинацијата, а не алтернативни мерки“, нагласи Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ