вторник, 19 мај 2026

Од над 400 илјади вакцинирани со две дози, 167 лица се заразиле, а само 11 се хоспитализирани

Објавено на

часот

Сподели

Според последната анализа во период од 1 до 31 јули, регистрирани се вкупно 809 случаи на позитивни од тестирани за ковид-19, од нив 82 лица се заразиле по поминати повеќе од 14 дена после вакцинација со втората доза. Ова укажува на фактот дека вакцината е ефикасна само кога се примени две дози и кога од примената втора доза има поминато повеќе од 14 дена, велат од Министерството.

„Само 10 отсто од сите активни случаи во јули, се заразиле со ковид по примена втора доза. Помеѓу позитивните, има вакцинирани со Синофарм, Астразенека, Спутник В, Фајзер, а меѓу нив има и заразени кои се вакцинирале во странство со вакцината на Модерна“,  нагласува Министерството.

Министерството за здравство апелира дека во овој период важно е граѓаните да покажат што поголем интерес за вакцинација и да се вакцинираат, бидејќи само со колективен имунитет може да се спречи мутирањето на вирусот Сарс Ков 2 и неговото рапидно ширење.

„Во нашата земја сѐ уште е доминантна британската варијанта на вирусот, но со оглед на брзото ширење на делта сојот, како во светот така и во регионот, многу брзо истиот може да се прошири и кај нас. Досега во земјава се детектирани триесетина случаи на делта варијантата. Во државата има доволно вакцини, а сега на најбрз начин може да се дојде до термин за вакцинација. Во моментов за прва доза имаме 80.000 Синовак, 50.000 Aстразенека и 70.000 Фајзер“, соопшти Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ