Во однос на зголемениот број ковид-случаи, посебно во Тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести. Но тоа што се случува кај нас, додаде, се случува и во регионот и во светот, и според бројките и според смрноста. Ако повеќе се внимава и ако бидеме поодговорни, ситуацијата ќе биде подобра.
„Не би сакал да зборувам подетално од тоа што министерот за здравство и Комисијата го кажуваат, но јас како претседател на Владата, кој има обврска да ги следи параметрите, би рекол дека е добро што последните денови бројките се стабилизираат во Тетово и Гостивар. Тоа значи дека силата на вирусот се намалува, мерките веројатно даваат резултат, а и граѓаните повеќе внимаваат“, нагласи Заев.






