Оваа терапија, која ја набави Министерството за здравство, како што се посочува, е за тројца пациенти кои ја имаат оваа ретка болест, со што им обезбеди лек за цела година.
„Министерството за здравство почнувајќи од 2017 година е во редовна комуникација со здруженијата на пациентите со ретки болести, а со таквиот пристап значајно се зголемија буџетите во делот на ретките болести. После три години иницијални состаноци значајно е зголемен и бројот на лековите кои се вклучени во програмата за ретки болести и се бесплатни за овие пациенти. Со ребаланс на буџетот за 2021 година за третман на пациенти со ретки болести се обезбедени 580 милиони денари, што е значително повеќе, споредено со 2017 година, кога за буџетот на оваа програма биле издвоени 214 милиони денари“, стои во соопштението.






