среда, 20 мај 2026

МЗ: Македонија има најголем напредок во бројот на вакцинирани во регионот

Објавено на

часот

Сподели

Во истиот период, веднаш по Македонија се наоѓаат Косово, со 10,64 отсто, Албанија и Грција со 8,61 отсто и Косово со 8,04 отсто зголемен процент на вакцинирани граѓани со барем една доза од вакцината. Зголемувањето во Босна изнесува 7,95 отсто, додека во Словенија 6,9 отсто.

Најмал напредок во регионот забележан од 5 до 24 август има во Србија, односно 2,49 отсто, и Бугарија со само 1,66 отсто зголемен процент на вакцинација.

Од илустрацијата на Министерството за здравство, може да се забележи дека за разлика од напредокот на примена барем една доза од вакинцата во наведениот период, според опфатот со вакцините пак, најдобро стојат Грција, Словенија, Србија и Хрватска, а потоа доаѓаат Црна Гора и Македонија, а сосема на дното е Бугарија.

Целиот регион, пак е далеку од оној опфат на вакцинација што го имаат други земји од Европската Унија, каде најдобро рангирани се Португалија, Исланд и Малта.

„Зголемувањето на бројот на имунизирани граѓани значи и поголема колективна заштита, намалување на можноста вирусот да мутира и да се шири. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат превенција од развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход. Вакцинацијата е заедничка одговорност, а постигнувањето колективен имунитет е единствен начин да се стави крај на пандемијата и да се сочува јавното здравје“, велат од Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ