Начинот на аплицирање е дигитализиран, односно пријавувањето се спроведува електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

„Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Според проценките на МОН, очекуваме ова право да го искористат околу 40.000 студенти“, се вели во соопштението и се додава дека до сега за користење на субвенционираниот студентски оброк пријавени се 15.627 студенти.






