среда, 20 мај 2026

Момче на 21 година без коморбидитети почина од ковид-19, организмот не реагирал на терапијата

Објавено на

часот

Сподели

„Беше примен во многу тешка општа состојба, по консултација со Инфективна клиника во Скопје, родителите одбија да го носиме. Посетен беше од доктори од Скопје, ден пред да почине и дента кога почина. Бил на цела антивирална терапија по најновите протоколи за лекување, за жал беше резистентен на терапијата. По официјални анамнестички податоци што ги имаме, се работи за лице без никакви коморбидетети. Неофицијално, по претпоставка се сомневаат за некаков синдром, според искуството на лекарите. Ова е нешто многу серизно да ви почине дете младо без коморбидитети, но лекарите што го прегледале се сомневаат за одреден синдром, но за тоа треба генетски тестирања, не реагирал на терапија. Давале терапија, а одело на полошо, бил лекуван и во Тетово и од Скопје лекари дошле, да не се сомневаме дека не отишол, нега добил да не се сомневаат и граѓаните“, изјави д-р Нуредини.

Тој повторно апелираше до младите да внимаваат бидејќи се главните преносители на вирусот.

„Во Тетово има многу млади заразени, да не мислат дека е од клима, настинка, треба да се тестираат. Или ако не се тестираат нека се изолираат. Оти не дај Боже да ги фати сега и младите, градот е полн со млади луѓе. Да видиме за каков сој се работи, да не е новиот сој, не знаееме. Уште еден апел да не мислат луѓето дека е шега, нема специфична терапија, ако самиот имун систем не е во ред, тој се бори со вирусот. Значи цела палета на антвирални лекови не е тоа што го собори вирусот. Младите треба да внимаваат веднаш да се тестираат“, рече докторот.

Нуредини вели дека државните институции се запознаени со состојбата и од таму треба да се очекуваат евентуални порестриктивни мерки, потсетувајќи дека населението со носење маска придонесува за поголема заштита.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ