среда, 20 мај 2026

Македонија повторно на „црната листа“ на ЕУ за патување

Објавено на

часот

Сподели

Македонија на листата на безбедни земји беше ставена на 15 јули, кога имаше мал број на новозаболени на дневна основа и на таа листа се 23 држави.

„Критериумите според кои се одредува дали граѓаните на некоја земја ќе можат туристички да патуваат во ЕУ ја опфаќаат актуелната епидемиолошка состојба и генералното справување со ковид-19, како и квалитетот на информациите и изворите на податоци. Дополнително, како во случајот на САД, фактор е и реципроцитетот, имајќи предвид дека жителите на ЕУ се уште не можат да патуваат на другата страна на Атлантикот“, се вели во веста.

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно „не-есенцијални“ патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ