„Добро ќе беше доколку во образовниот систем, особено во средните училишта, имаше само неколку проблеми со кои се соочуваат средношколците, но реалноста е дека во средните училишта постојат толку многу проблеми што доколку ги наброиме сите ова соопштение повеќе ќе наликува на роман. Изразуваме големо незадоволство и жалење до кој степен министерката Царовска го уништи интегритетот на установата училиште, со оглед на фактот дека во одреден град во нашата држава се организираат свадби во училишните дворови. Ние, средношколците бараме јасни и децидни одговори од министерката. Оваа негрижа ние како идни академски граѓани на Македонија не ја заслужуваме“, се вели во соопштението на Средношколски глас.
Како ќе се организира настава при вакви бројки и многу невакцинирани наставници, прашува Средношколски глас

ТОП ВЕСТИ





