Органите се донирани од 42-годишна пациентка. Трансплантацијата на срце е направена кај пациент кој подолго време бил на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40-тина години кои одат на дијализа.
„Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани“, напиша утринава Филипче на „Фејсбук”.






