„Засега не гледаме дека училиштата се ризик во однос на епидемиолошката ситуација, односно здравјето на децата. Протоколите во училиштата се направени по принципите на тоа како се одвиваат препораките не само кај нас, насекаде во светот, за спречување на ширење на вирусот со маските, со дистанцата и слично. И овие бројки кои досега ги имаме укажуваат дека навистина е мал бројот на ученици кои се заболени“, рече Филипче.
Според министерот, доколку се почитуваат сите протоколи децата се безбедни.
Во среда завршува препораката за онлајн настава во средните училишта во Струга и во Кичево, а останува уште една недела учење од далечина за Тетово и за Гостивар. Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали евентуално треба продолжување на ваквиот тип на настава.






