Тој рече дека пациенти барале таа да биде таму, во текот на нивната рехабилитација.
„Вчера го потпишав решението. Таа е ставена како в.д. директор на оваа установа, бидејќи беше барана од пациентите за да присуствува на нивната рехабилитација, да биде таму“, појасни Андовски.
Пожарот во кочанската дискотека Пулс, што се случи рано изутрина на 16 март, зеде 62 жртви, а околу 200 повредени беа пренесени на лекување низ болници во државава и во странство.