четврток, 22 мај 2025

Нов протест во Кочани, ги прикрива ли некој соучесниците?

Задоцнета реакција. Ова беше мотото на денешниот протестен марш на семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На 16 март како последица на пожарот во оваа дискотека загинаа 61 лице.

Објавено на

часот

Сподели

Со слики во рака од своите најмили, маршот го почнаа од Паркот на револуцијата, се движеа кон трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани. Тие го изразија својот револт кон институционалното работење.

Маршот продолжи кон МВР при што им посочија дека задоцниле со реакција во секоја смисла на зборот.

„Сите вие кои сте одговорни за системот во државата, кои мудро ја одбегнувате одговорноста за најголемата трагедија од европски рамки што се случи во Кочани. Ние родителите на починатите деца би сакале барем за миг да бидете во нашата кожа, да може да ја почувствувате раскинувачката болка која ние ја чувствуваме, можеби тогаш ќе ја почувствувавте сериозноста и болната ситуација во која се наоѓаме. Дали ќе прикривавте луѓе кои се соучесници на монструмот ако убиените деца беа ваши деца“, праша една од мајките.

Протестот заврши пред Основен суд, каде граѓаните побараа отчет за сработеното и неселективна правда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ