Во 13 часот закажана е седница на централното претседателство на ДУИ на која ќе се анализираат резултатите од првиот круг на локалните избори и за активностите поврзани со вториот изборен круг на 2 ноември.
Планирано е Ахмети да даде изјава по завршување на состанокот.
Порталот „Фол.мк“ синоќа објави дека Ахмети, сериозно размислува и е блиску до одлука да се повлече од политиката.






