сабота, 18 април 2026

Најмногу дожд за 24 часа во Крива Паланка, најстудено утро на Попова Шапка

Најмногу дожд од два литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка, а еден во Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

. Најниска темература од 2 степени Целзиусови утрво во 8 часот е измерена на Попова Шапка, 3 во Mаврови Анови и Лазарополе, 7 во Kрушево, 8 во Крива Паланка и Тетово, 9 во Берово, 10 во Охрид, 11 во Претор, Битола, Прилеп, Виница и Струмица, 12 во Штип, Демир Капија и Кавадарци, а најтопло со 14 степени беше во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Гевгелија.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени Целзиусови.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ