понеделник, 20 април 2026

На уште еден состанок ќе се разгледува предлог-законот за високо образование

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има уште еден сосатанок со, како што рече,  заинтересирана група и оти тој ќе биде последен од состаноците што досега ги имаше во врска со предлог-законот за високо образование.

Објавено на

часот

Сподели

„Законот е веќе затворен, но да ги сослушаме сите што побараа средба и потоа ќе оди во владина процедура, што значи потреба законодавството да го провери уште еднаш законот, за да види дали е во согласност со други закони, дали е напишан така како што треба со правнички јазик итн. Потоа на владина седница да ги слушнеме сите членови на Владата и откога и тоа ќе се заврши оди во собраниска процедура“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Технолошко-металуршкиот факултет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ