вторник, 24 јуни 2025

Муцунски – Нуртлеу: Значителен потенцијал за натамошно продлабочување на односите меѓу Македонија и Казахстан

Во рамки на работната посета на Република Казахстан, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу. Во фокусот на разговорите беа можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка, размена на посети на високо ниво, како и одржување на третата рунда политички консултации во Скопје, информираат од Министерството.

Објавено на

часот

Сподели

Двајцата министри се согласиле дека постои значителен потенцијал за натамошно продлабочување на односите, особено во економската сфера – преку зголемување на трговската размена и поттикнување на странски директни инвестиции. Било истакнато и задоволството од досегашната соработка на мултилатерален план, при што биле разменети мислења за низа актуелни прашања од регионален и поширок контекст.

Средбата била заокружена со потпишување на Програмата за соработка меѓу двете министерства за периодот 2025–2027 година, како конкретен чекор кон унапредување на билатералните односи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ