Втората панел-дискусија, со наслов „Добриот наставник прво е пријател, па потоа учител – Магијата на ‘Добро утро, деца’“, ќе се одржи во Прилеп в недела со почеток во 11 часот, во кино „Мис Стон“ во Домот на културата „Марко Цепенков“.
Панелот ќе може да се следи и во живо.
Во дискусијата ќе учествуваат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, проф. д-р Данче Сивакова Нешковски, декан на Педагошкиот факултет во Битола, како и наставници и стручни лица од основните и средните училишта во Прилеп, а свои искуства ќе споделат и родители.
Преку ваквите настани, Министерството за образование и наука ја продолжува мисијата за истакнување на клучната улога на наставниците во обликувањето на иднината на децата и градењето знаење што трае. Истовремено, ја промовира магијата што се случува во училниците, каде што знаењето се пренесува низ заемна доверба, разбирање и поддршка – затоа што магијата е токму во тоа, соопшти МОН.






