„На средбата ја истакнавме важноста од континуирана координација, партнерство и заедничко дејствување во одговор на современите безбедносни закани“, напиша Мицкоски на неговиот Фејсбук-профил.
Мицкоски – Витакер: Заедничко дејствување како одговор на современите безбедносни закани
Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски синоќа оствари средба со Метју Г. Витакер, постојан претставник на Соединетите Американски Држави (САД) при НАТО, на која се разговарало за зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, како и за актуелните безбедносни предизвици и заедничките приоритети во насока на унапредување на регионалната и глобалната стабилност.

Објавено на
часот





