понеделник, 14 јули 2025

Ќе му се суди во Велес на поранешен претседател на Основен суд Кавадарци

Основно јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес на 27 јуни годинава поднело oбвинителен предлог III.KO.бр.46/25 против обвинетиот Л.Н. од Kавадарци, поранешен претседател на Основен суд Кавадарци за кривично дело „несовесно работење во службата“ од чл.353-в ст.4 од Кривичниот законик,соопштуваат денеска на својата веб- страна од Основен суд Велес.

Објавено на

часот

Сподели

По oбвинителниот предлог против Лазар Нанев, поранешен претседател на Основен суд Кавадарци, оформен е предмет К.бр.224/25 кој е доделен на постапување на судијата Ангел Трипчев. Главна расправа е закажана за 23 септември, годинава, со почеток во 10:30 часот.

Обвинетиот, во текот на 2024 година, додека извршувал функција судија за извршување санкции во Основниот суд во Кавадарци со умисла несовесно постапувал во предмет за извршување затворска казна за еден осуден. Затворската казна од 3 години и 8 месеци била изречена со правосилна пресуда на Основниот суд во Гевгелија. Меѓутоа, обвинетиот судија, иако примил известување за пресудата на 05.04.2024 година, првиот пат упатниот акт го изготвил со задоцнување и осудениот го упатил на издржување на затворската казна во КПУ Гевгелија, наместо во КПУ Идризово – Скопје согласно висината на изречената казна.
Потоа, откако гевгелискиот затвор известил дека казната не може да се издржува во таа установа, судијата за секоја одлука што ја носел во предметот ги пробивал законските рокови, се до 04.06.2024 година кога добил известување дека осуденикот не се јавил на издржување на затворската казна во Идризово. Иако согласно закон бил должен во таква ситуација во рок од 24 часа да издаде наредба до МВР за приведување на осуденото лице, обвинетиот судија тоа го направил дури на 07.06.2024 година.
По распишана централна потетница, осуденото лице било пронајдено и лишено од слобода, и започнало да ја издржува затворската казна речиси една година подоцна, на 11.03.2025 година наместо во април 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ