„ЈП Комунална хигиена работи според оперативен план кој го усвојува Советот на Град Скопје, под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Планот го спроведува Управниот одбор составен од ВМРО и ВЛЕН, предводен од Јулијана Спировска, функционерка на ВМРО и криминалка осудена за убиство. Кога в.д.градоначалникот Митески ги повикува граѓаните да фрлаат кабаст отпад, треба да знае и дека законот го обврзува да го собира тој отпад. А кога на слика се гледаат гарнитури и мебел од нечија дневна соба– тоа е обврска на службите кои тој ги раководи.Ако навистина ви беше Митески до хигиена – ќе побаравте од осудената криминалка за убиство и претседателка на Управниот одбор на Комунална хигиена, Јулијана Спировска и од вашиот Совет на град Скопје да си ја завршат работата. Но, на Митески кога целта му е да избегне одговорност, вистината не му е важна“, реагираат со возвратно соопштение од ЈП Комунална хигиена-Скопје.