петок, 14 ноември 2025

Јанчев порача дека Кавадарци пак го избра него, а со тоа граѓаните бираат и чесност

По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати, напиша вечерва старо – новиот кавадаречки градоначалник, Митко Јанчев на Фејсбук.

Објавено на

часот

Сподели

„Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати. Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија. Ви благодарам од срце за огромната поддршка, за довербата и љубовта што ја покажавте. Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот. Голема благодарност и честитки до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа“, напиша тој.

Притоа додаде дека продолжуваст уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност.

„Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех. За Кавадарци, за Македонија, со срце и душа“, подвлече Јанчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ