Организациите изразуваат длабока загриженост поради долготрајниот процес на
трансформирање на Националниот парк Маврово според постојното законодавство и
меѓународните стандарди. Тие тврдат дека сегашната состојба ја поткопува заштитата
на ова критично подрачје и ја попречува поддршката на локалните заедници во
остварувањето на одржлив економски развој.
Бо претставката се наведуваат неколку клучни прашања: законот за репрогласување на НП Маврово не е донесен; nе е донесен План за управување со НП Мавровo; пријавени се бројни неправилности и нелегални активности во паркот, но не се
санкционирани; приближно 80% од финансирањето на Јавната установа Национален парк Маврово доаѓа од сеча, неодржлива практика спротивна на намената на
заштитеното подрачје; забележан е пад на популациите на заштитените животински видови во паркот.
Организациите нагласуваат дека потенцијалните донатори се подготвени да го
финансираат работењето на паркот и мерките за зачувување по усвојувањето на План
за управување. Отсуството на таков план спречува финансиска поддршка и одржливо
управување со ресурсите, загрозувајќи го еден од најстарите паркови во Европа.
Во претставката, исто така, се наведува дека Комитетот на Бернската конвенција
постојано препорачува итно репрогласување на Националниот парк Маврово, а
непочитувањето на овие препораки претставува кршење на меѓународното право.
Организациите ја повикуваат Владата на Македонија да преземе итни чекори за исполнување на одредбите од Законот за заштита на природата, вклучително и објавување на нацрт-законот за повторно прогласување на Националниот парк Маврово, организирање јавна јавна расправа за Законот и негово усвојување.
Потписници на оваа претставка се: Центар за истражување и информации за животната средина Еко-свест, Македонско еколошко друштво (МЕД), Новинари за човекови права, Здружение за важноста на еколошкото образование во модернизацијата на образовниот процес ЗЕОООП, Здружение за заштита и подобрување на животната средина Еко Логик, Рурална коалиција, Здружение за зелено општество – позелено, Центар за еколошки ресурси (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Герила – Тетово, Здружение на граѓани Ековита Неготино, Здружение за заштита на животната средина, културни, историски знаменитости и здравје на луѓето ИЗВОР Кратово, НВО Ергос, Граѓанска иницијатива Охрид СОС, Македонско здружение на млади правници, Центар за климатски промени, Здружение за застапување, имплементација и поддршка на решенија што подобро ќе ги поврзат луѓето со природата НАТУРА МК Скопје, Истражувачко друштво Урсус спелеос Скопје, „Гоу Грин“- Скопје- Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина.