среда, 21 мај 2025
Милано дизајн недела 2025

Гло дел од Хипер портал на Микела Пики, претставена унукатната гло колекција во соработка со Санс  

Гло дополнително ја зајакнa својата улога на покровител на уметноста со инсталацијата HYPER PORTAL, како дел од иницијативата „ glo™ во поддршка на уметноста“, поставена за време на Milano Design Week 2025. Ова извонредно искуство ги спои уметноста, технологијата и креативноста во навистина уникатно доживување за сите сетила.

Објавено на

часот

Сподели

Уметничкото дело е лична интерпретација на италијанската артистка Микела Пики на овогодинешната тема „Поврзани светови“ – концепт кој совршено се усогласува со тековниот ангажман на  glo™ за поттикнување на споделени искуства. Инсталацијата е симфонија на светла, бои и облици и ги соединува посетителите со уметноста, поканувајќи ја публиката да стане активен учесник.

За време на одржувањето на модната недела, инсталацијата „HYPER ПОРТАЛ“ беше отворена за јавноста во glo™ Creative Hub, лоциран во Palazzo Moskova, во срцето на областа Брера – една од најпознатите и најпосетуваните локации на Fuorisalone.

Извонредно патување низ уметноста и технологијата

HYPER ПОРТАЛ на  glo™ е искуство за сите сетила што ги истражува границите помеѓу уметноста и технологијата. Создадена од Микела Пики, инсталацијата го истражува концептот на поврзана иднина – универзум што постојано се развива, каде што секоја гестикулација и движење го обликуваат и го трансформираат околниот простор. Порталот за влез, симбол на отвореност и поврзаност, го означува почетокот на едно извонредно патување во кое посетителите стануваат ко-креатори на уметничкото дело. Со нејзиниот надреалистички и поп-стил, Пики ја истражува флуидноста на меѓусебно поврзаните светови преку динамични форми и живописни бои што се развиваат во реално време, создавајќи пејзаж што постојано се менува. Секоја интеракција, секој допир, го трансформираат делото во жив ентитет обликуван од дејствата на публиката. Инсталацијата e инспирирана од особеноста на визуелниот јазик на дизајнот на  glo™ HYPER PRO, нагласувајќи го спојот на уметноста и технолошките иновации.

HYPER ПОРТАЛ, исто така, поттикнува на размислување за односот помеѓу поединецот и колективот – „јас“ и „ние“. Ги охрабрува учесниците да размислат за нивната улога во создавањето значајни врски, каде секое движење и одлука, иако создадени од индивидуалност, обликуваат заедничко искуство. Ова ја отелотворува инклузивната и оптимистичката визија на  glo™.

„Со HYPER ПОРТАЛ и Микела Пики,  glo™ги спојува уметноста, дизајнот и технологијата за да создаде извонредно искуство што претставува многу повеќе од обична забава – правејќи ја уметноста подостапна и интерактивна, во согласност со нашата иницијатива „  glo™ во поддршка на уметноста“, вели Фабио де Петрис, претседател и извршен директор на БАТ Италија.

„Експлозија на бои, слеани линии и надреално поп-искуство во комбинација со технологија и дизајн – HYPER ПОРТАЛ е извонредно патување каде што гледачот создава меѓусебно поврзани светови со секој допир и станува ко-протагонист на уметничкото дело преку споделување и позитивност, совршено усогласено со духот на  glo™ “, додава уметникот Микела Пики.

Ограничено издание на спојот помеѓу модата и технологијата

Кога дизајнот ќе се спои со модата и технологијата беспрекорно ќе се интегрира, се раѓа нова визија за стил. За своето деби во светот на модата, glo ги здружи силите со SUNS, брендот што ја редефинираше спортско-шик дневната облека, за да ја претстават капсулната колекција за сезоната пролет-лето.

SUNS е познат по редефинирањето на урбаната мода со комбинирање врвни материјали со софистицирани детали. Нивниот иновативен стил во комбинација со дизајнот на  glo™ го создадоа ограниченото издание на HYPER PRO уреди. Резултатот е ексклузивна колекција што го најавува летото, комбинирајќи ги модата, дизајнот и технологијата во уникатен, досега невиден израз на стил.

„Оваа соработка совршено ја отелотворува заедничката визија на  glo™ и SUNS: иновација, самоизразување и препознатлив стил. Ги споивме нашата технолошка експертиза и креативноста на SUNS за да создадеме ограничено издание што претставува многу повеќе од едноставна естетика и да понудиме производ што ги одразува најновите трендови во современиот животен стил“, вели Паоло Мучифора, креативен директор на SUNS.

„Оваа соработка со SUNS го одразува нашиот динамичен и напреден пристап. glo™ совршено се вклопува со брендот SUNS, кој го дели нашиот иновативен и оптимистички дух, отворајќи ја вратата за нови перспективи во модната индустрија“, заклучува Фабио де Петрис, претседател и извршен директор на БАТ Италија.

Ексклузивната колекција содржи две верзии на уредот  glo™HYPER PRO: Sea Breeze, со неговите брановидни шари што претставуваат интерпретација на легендарниот концепт на Japan Waves, инспириран од реномирани меѓународни уметници и соработки со врвни модни брендови, како и Palm Vibes, инспириран од Мајами од 1980-тите и замислен преку модерен објектив. И двата дизајна потекнуваат од иновативните истражувања на SUNS за нивната претстојна линија за сезоната пролет-лето. Она што го прави  glo™HYPER PRO навистина единствен е паметниот LED дисплеј, прв од ваков вид во оваа категорија. Овој интуитивен екран го подобрува корисничкото искуство, што го прави уште поинтерактивен.

* Овој производ не е без ризик, ослободува никотин и предизвикува зависност. Наменет е само за полнолетни лица

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ