Жителите од повеќе села реагираа до медиумите дека останале без струја подолг временски период. Од Електродистрибуција информираат дека дел од кумановските села вчера останал без електрична енергија поради испад на 20кВ далекувод.
Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека без електрична енергија се повеќе села од општините Куманово и Старо Нагоричане.
„Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го нормализираа снабдувањето со електрична енергија за поголемиот дел од засегнатите села. Тие продолжуваат со работа се до целосна санација на дефектот и нормализирање на снабдувањето и за преостанатиот дел од корисниците“, информираат од Електродистрибуција.






