среда, 15 април 2026

Заев за фабриката за преработка на отпад во Неготино вели дека е европски и еколошки чист проект

Објавено на

часот

Сподели

Заев посочи дека тој е утврден како стратешки значаен проект за државата, при што следуваат дополнителни постапки со правните советници од Владата, но и отворање на банкарска гаранција од десет милиони евра што треба да биде отворена со цел законското решение да дојде на дневен ред во Парламентот и да се дискутира за сите негови детали.

Премиерот Заев го демантираше пратеникот Пенков и истакна дека не е точно оти фабриката испушта големо количество на јаглерод диоксид, бидејќи се работи за бескислородно согорување и такви фабрики за преработка на отпад има во Љубљана и Цеље во Словенија.

„Со закон е забрането увезување на отпад за енергенси и не може никој да увезува отпад во државата. Експертите работат повеќе од една година на овој проект, убавината е што ваквиот проект можеме да го видиме во ЕУ“, додаде Заев.

Премиерот објасни дека локацијата на фабриката е одбрана поради пристапноста и најголемите капацитети на трафостаници за да ја примат струјата што како зелена енергија ќе се произведува во вкупна количина од 34 мегавати за што Владата прифати да плати 180 евра од мегават.

Инвестицијата вклучува дополнителни сто комунални возила за собирање смет, изградба на 11 претоварни станици и 11 збирни потстаници, како и 6.000 метални и пластични комунални контејнери за асфалтирање на патна делница од пет километри до село Дуброво и на територија на Општина Неготино.

Проценетата вредност на капиталот што ќе се инвестира од страна на стратешкиот инвеститор изнесува 336,6 милиони евра, а проектот претставува целосно и трајно решение на отпадот на 74 проценти од територијата на Македонија, односно како што, нагласи премиерот, опфаќа 48 општини или пет плански региони во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ