вторник, 14 април 2026

Цените на нафтените деривати од полноќ намалени за 2,73%

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6 април.

Објавено на

часот

Сподели

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување – кај бензините за 2,703%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло  за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 4,476%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7165%.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин еуросупер БС – 95 –      82 денари/литар, еуросупер БС – 98 – 84 денари/литар, еуродизел БС (Д-Е V) – 95,5  денари/литар, масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) –  96,50  денари/литар и мазут М-1 НС – 49,227 денари/килограм.

Малопродажните цени на бензините еуросупер се намалуваат за 1,50 ден/лит, а на еуродизелот за 2,50 ден/лит.

Ова се максималните цени на нафтените деривати, а трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопшти РКЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ