Прево ќе оствари средба со домаќинот Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба на двете официјални делегации, проследена со заедничка изјава за медиумите.
„Централни теми на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните политички и економски односи со Белгија, како и перспективите на процесот на проширување на Европската Унија, вклучително и натамошната белгиска поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија“, наведуваат од Министерството.
Посетата на земјава на шефот на белгиската дипломатија е во рамки на неговата турнеја низ Западен Балкан, во рамки на која ќе ги посети и Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, со цел да ги поддржи нивните напори кон членство во Европската Унија.






