петок, 17 април 2026

Во Пошта фалат 50 вработени, многу отидоа во пензија, а и многу земаат неплатен одмор, вели Макрадули

Објавено на

часот

Сподели

„Како компанија имаме потреба од нови вработувања, но се уште немаме објавено оглас. Старосната структура во Пошта е многу висока и 56 луѓе веќе заминаа во пензија, повеќето од нив со високо образование. Во овој период има и многу поштари разнесувачи кои го оствариле правото на пензија и заминуваат. Мораме да најдеме решение, бидејќи согласно Законот за поштенски услуги во секоја од 340-те поштенски единици мораме да имаме и поштари”, рече Макрадули по денешната работна посета на Поштата ЕПМ 1013, Шуто Оризари.

Според него, освен одењето во пензија, имаме и една појава што влијае на одвивањето на технолошкиот процес , а тоа е неплатеното отсуство.

„Согласно законот и колективниот договор повеќе луѓе го користат правото на неплатен одмор во траење од три месеци. Тоа е една негативна појава која не е присутна само кај нас, туку  ја има во многу институции. Проверуваме каде се тие луѓе и дали се во државава, но сепак законот им дозволува и затоа во овој момент трпи одреден дел од доставата”, рече Макрадули.

Нагласи дека има и одредени места низ државата каде нема внатрешен кадар со високо образование што може  да го префрлат или да го преместат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ