ЦР пред 5 години утврдил дека овој клиент комерцијално злоупотребува т.е. препродава нивни податоци, интервенирал така што на „Таргет груп“ им го раскинал договорот и ја пријавил злоупотребата. МВР за кратко време по пријавата на ЦР поднело кривична пријава против „Таргет груп“ за продажба на податоци преку електронската платформа „Бизнис мрежа“ до скопското Основно јавно обвинителство (ОЈО).
Единствената легитимна државна база на податоци, за тоа овластена со посебен закон, не може да се одбрани од приватна фирма што ги препродава тие податоци, пишува „Фактор“ и го поставува прашањето колку лица и фирми корисници на услугите се злопутребени од „Таргет груп“ и нивниот продукт Бизнис мрежа? И колку се релевантни нивните податоци?
Од Централниот регистар велат дека станува збор за кривично дело по член 251 од Кривичниот законик – оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем со што директно се оштетува државата преку неовластена препродажба на податоци од државен самостоен орган.
Од „Таргет груп“ за „Фактор“ велат дека против нив не се води никаков судски процес и дека нивната работа е во целост во склад со македонските закони.






