сабота, 25 јули 2026

Успешната професионална кариера започнува со вистинскиот избор на универзитетот

Објавено на

часот

Сподели

Не секој универзитет овозможува студентите уште во текот на студиите да се оспособат за работните предизвици и да можат веднаш да одговорат на барањата на пазарот на трудот. Таквите квалификации ја надградува конкурентноста посебно во меѓународните компании.

Еден од универзитетите којшто применува посебен акцент на едукацијата и оспособеност на студентите за вклучување во деловниот свет е СИТИ колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк. Овој кампус лоциран во Солун, претставува образовна институција која нуди навистина големи можности за студентите.

Кампусот, пред сè поседува богата студентска програма, којашто ги проширува можностите за студентска мобилност и за интернационализација и обезбедува можности за применето учење. На академските оддели на СИТИ колеџ е достапен широк спектар додипломски и постдипломски студии и тоа по Бизнис администрација и економија, Компјутерски науки, Психологија и Англиски студии. Нуди и дополнителни содржини кои го збогатуваат секој аспект од академскиот живот, како што се силната поддршка за истражувањето како основен принцип во образовниот процес и примената на граѓанскиот ангажман во образовните и студентските активности. Ова се едни од главните придобивки што Европскиот кампус им ги нуди на студентите, покрај квалитетот на универзитетското образование.

Дополнително, СИТИ колеџ, заедно со Факултетот за економија и менаџмент на Универзитетот во Стразбур, ја нуди Паневропска извршна МБА програма, со двојна диплома за регионот на Југоисточна и Источна Европа, како и во регионот на Кавказ.

Знаењата и експертските вештини на СИТИ колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк се пренесени од врвни академици и предавачи со меѓународни квалификации во корпоративниот свет. А богатото академско портфолио на оваа универзитетска единица произлегува и од Универзитетот Јорк, којшто е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група и светски признат универзитет по својата истражувачка работа. На овој начин, Европскиот кампус претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи низ целиот регион.

СИТИ колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк започна со апликации за своите додипломски и постдипломски програми, а студиите започнуваат во октомври 2022 година. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ