Токму вакво здравствено патничко осигурување со сигурно и точно дефинирано покритие за ковид-19 нуди единствено Кроација осигурување.
Ова осигурително покритие обезбедува поголема заштита, чувство на безбедност и сигурност каде и да одите дури и во услови на пандемија. Така, полисата за патничко здравствено осигурување со покритие за ковид-19 на Кроација вклучува покритие за трошоци за тестирање во случај на појава на симптоми на Ковид-19, медицински прегледи од страна на овластен лекар, потребни лекови дадени при болничко лекување, болничко лекување во случај на потврдена инфекција и трошоци за репатријација во случај на потврдена инфекција.
Покрај тоа, осигурувањето опфаќа и целосна асистенција од компанијата со сите потребни чекори и неопходни информации поврзани со здравствени протоколи во земјата каде осигуреникот престојува. Достапно е како индивидуално или семејно и важи за патувања во земјите од Европа, Турција, Русија и Египет.
Патувањата од секаква природа се веќе неопходност по цела година апстиненција и одлагање на потребните деловни или приватни патувања. Летото е секако период за посета на разни дестинации, а само патничко здравствено осигурување ја овозможува потребната сигурност и безгрижност при секое патување и излегување од границите на државата. Со јасно и прецизно дефинирани услови и предности, ова патничко осигурување нуди целосна здравствена заштита и покритие за ковид-19. Оовеќе информации на телефон 15 599 или и-мејл [email protected].
Комерцијален текст






