сабота, 25 јули 2026

Македонија задолжена земја – надворешниот долг речиси 10 милијарди евра

Објавено на

часот

Сподели

Според редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, на крајот на четвртиот квартал од 2021 година бруто надворешниот долг изнесува 9.547 милиони евра (или 81,4% од проценетиот БДП) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра (или за 3,3%), соопшти Народната банка.

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.909 милиони евра (или 50,4% од проценетиот БДП) и остварија квартално намалување од 622 милиона евра (или за 9,5%).

Народната банка информира дека нето надворешниот долг изнесува 3.638 милиони евра (или 31% од проценетиот БДП) и е зголемен за 299 милиони евра, или за 9%. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59%. 

Во однос на крајот на 2020 година, нето надворешниот долг е зголемен за 339 милиони евра (или 10,3%), при зголемување на нето јавниот долг (за 197 милиони евра) и зголемување на нето приватниот долг (за 142 милиона евра).

Во текот на четвртиот квартал од 2021 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 176 милиони евра и изнесува 7.308 милиони евра, што претставува 62,3% од проценетиот БДП за 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ